Фудбалската федерација на Македонија денеска во Охрид одржа вонредно собрание на кое беа донесени неколку суштински измени и дополнувања на Статутот. Тие се во насока на олеснување на постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на претседател на ФФМ по оставката на Илчо Ѓоргиоски. Главната измена предвидува кандидат за претседател на ФФМ да може да биде секој фудбалски работник со константен ангажман во фудбалот од најмалку 4 години, без обврска да биде делегат на Собранието.

Loading...

Shpërndaj me