Лидерите на Европска Унија и Европски парламент утре ќе одржат вонредна видео-конференција на која ќе се разгледуваат заедничките европски мерки во борбата протв новиот коронавирус и последиците од пандемијата врз општеството и економијата.

Лидерите на ЕУ утре треба да ја потврдат и одлуката на Советот на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонја и со Албанија.

За утре во 10 часот по локално време планирана е да почне и вонредната пленарна седница на ЕП, а пратениците ќе можат да се вклучат од дома.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...