Во националниот парк Банф во Канада волк нападна кампери и се обидел да одвлечка еден човек, соопштува службата „Паркови на Канада“. Тие наведуваат дека нападот се случил во близина на езерото Луиз, во државата Алберта, додавајќи дека станува збор за исклучително ретка појава.

Според нивниот извештај, волкот се приближувал до шаторот кадешто се наоѓале семејство со две деца. Татко се обидел со викотници да го избрка животното, но тоа го нападнало и неколку пати го изгризало преку шаторот. Потоа волкот го растргнал шаторот и се обидел да го извлече човекот. Повиците за помош ги слушнал друг кампер, кој престојувал во непосредна близина и го удрил волкот по што животното избегало.

Нападнатиот човек, со повреди на рацете е пренесен во болница.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...