Полицијата во последната контрола на комбиња низ Гостивар открила низа прекршоци кои ја згрозуваат безбедноста во превозот на ученици од средните и основните училишта. Откриени се тројца возачи зад волан седнале без возачка дозвола.

„При контролата, откриени се 9 возила со претовар на патници, 8 возачи без лекарско уверение, 3 возачи без положен возачки испит и еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Loading...

Shpërndaj me