Возачите веќе нема да бидат обврзани да плаќаат за налепници за регистрација кои се поставуваа на предното стакло. Министерството за внатрешни работи заклучи дека налепницата е дополнителен трошок за граѓаните, а во исто време не им помага на полицајците да утврдат дали возилото е регистрирано или не. За ова одлука информирани се сите центри за технички преглед и регистрирање возила.

По стапувањето на сила на новото уставно име, до изработка на нови регистарски таблици, на граничните премини возачите ќе добиваат сини налепницио на кои пишува „НМК“.

Таблиците со ознака „НМК“ ќе можат да се користат до следната регистрација. МВР се уште нема одлука дали новите регистарски таблички ќе се плаќаат при регистрација или ќе се даваат бесплатно при враќање на старите. Моментално, цената на нови таблици е околу 1500 денари.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...