ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на трансферот на случаите на СЈО во редовното обвинителство. Според опозицијата, државниот обвинител Љубомир Јовески и сите поддржувачи на оваа идеја, го кршат законот.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да изврши притисок врз обвинителството и судовите, зашто не е навикната на еднаквост пред правдата. СДСМ ја обвинува партијата на Христијан Мицкоски за попречување на евроинтеграциските процеси.

Работните групи на двете партии долго време разговараат за предлог-законот за јавно обвинителството, но и покрај тоа, ставовите засега остануваат дијаметрално спротивни. Проблемот не го реши ниту последната средба на лидерите Заев и Мицкоски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...