ВМРО – ДПМНЕ останува во  Собранието сѐ до неговото распуштање. Но, затоа пак, претседателите на собраниските комисии од нивните редови, не ги закажуваат седниците. Од вчера попладне до денеска во собраниската архива поднеле над 5.000 амандмани. И тоа за законите за надворешни работи, за безбедност во сообраќајот, за минерални суровини, за репрограмирање на долговите на јавните претпријатија, за зголемување на платите во образованието.

„Комисјата за финансирање ја води пратеник од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Комисијата за труд и социјала каде е Законот за исплата на платите ја води пратеник од ВМРО ДПМНЕ  Ние повикуваме сите да се ставиме во функција на граѓаните“, рече Костадин Костадинов  СДСМ.

Во денешното соопштение  ВМРО ДПМНЕ бара:

„Почитување на законите, Уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење на закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви.“

И денеска останува неизвесно дали спикерот Талат Џафери ќе закаже седница  за оставката на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи која ја побара премиерот Оливер Спасовски поради табла на која пишува Република Македонија.

„Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат кој ќе го почитува Уставот и законите, на пример еден од пратениците кои гласал за Северна Македонија за членство во НАТО, како можно решение. Инаку одлуката е нивна“, рече Спасовски.

Вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски апелираше на разум и достоинство.

„Да се воздржи од било какви политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот и национален интерес и да не ја втерува државата во политичко тешко сценарио“, изјави Мицкоски.

Спикерот Џафери најверојатно Собранието ќе го распушти во недела.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...