Министерката за правда, Рената Десковска соопшти дека ВМРО – ДПМНЕ е против идните антикорупцинери да имаат увид во банкарските сметки на функционерите. Ваквиот факт министерката го правдаше со поднесените амандамни од страна на опозицијата со кои предлаагаат ваква надлежност да нема антикорупциска туку Управата за јавни приходи. Иако ЕУ препорачала пет челена да бидат дел од новиот состав, сепак на инсистирање на ДУИ најверојатно тие ќе бидат седум.

„Она што реално е проблем во нивните амандамани е условот за забрана за политизација на членовите односно спречување одредени членови што биле политички активни изминатиот период или биле донатори на политички партии, да не бидат членови. Панатаму барањето да се тргне надлежноста за увидот во банкарските сметки на функционерите“, изјави Десковска.

Loading...

Shpërndaj me