ВМРО-ДПМНЕ свика средби на Централниот и Извршниот комитет за да одлучи каков став ќе заземе референдумот. Неофицијално се дознава дека партијата на Христијан Мицкоски нема да излезе со конкретни повици “За“ или “против” референдумот. Потенцијалната одлука на ВМРО, која се очекува да се официјализира, ако не денес, тогаш во наредните денови, ќе биде граѓаните да постапат по сопствено убедување.

Сепак, сè останува неофицијално додека лидерот на ВМРО не го каже последниот збор. Мицкоски пред неколку дена, во изјава за Алсат М, рече дека сите опции се отворени и оти во оваа ситуација не треба да се носат одлуки кои не се во корист на граѓаните.

Дел од партиската структура, меѓу кои и неколку потпретседатели, сметаат дека партискиот став не треба да се објавува додека не се дознаат и прецизираат амандманите за уставни измени, кои според опозицијата, СДСМ ги крие. Од друга страна, парламентарното мнозинство, заедно со непарламентарните субјекти и невладини организации, веќе официјално ја започна кампањата, ставајќи ги во функција штабовите за референдумот и организирајќи средби со граѓаните. Кампањата ја започна и непарламентарната проруска партија Единствена Македонија на Јанко Бачев, која ги повикува граѓаните да не излегуваат на референдумот.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...