Иако многу од општините се презадолжени, пратениците на власта планираат да го изменат одбранбениот механизам кој спречува во иднина општините да не продолжат со натрупување на нови долгови, што го донесе екс-министерот за финансии Драган Тевдовски. Наместо општините своите годишни проекции на приходите  да ги проектираат со раст од најмногу 10 отсто од просечното трошење во последните три години, сега пратениците на ДУИ и СДСМ предлагаат да се троши и до 30 отсто повеќе од тригодишниот просек. Тоа значи дека општините ќе можат да трошат повеќе од досегашниот лимит. Еден од предлагачите на законските измени, Реџаил Исмаили, за Алсат вели дека на тој начин единиците на локалните самоуправи ќе имаат можност за поголема реализација на своите проекти.

РЕЏАИЛ ИСМАИЛИ – ДУИ 

„Градоначалниците на Скопје, Сарај, Липково, еве да кажам најголемиот дел од градоначалниците го бараат ова затоа што во првата година – во 2017-та кога стапија на должност не беа лимитирани, во 2018-та за буџетите ги лимитиравме и после една година увиделе дека тоа ограничување им оневозможува да ги реализираат нивните проекти.“

Сепак, пратеникот на ДУИ тврди дека предлог-измените на Законот за финансирање на општините нема да дозволи ново „легализирање“ на недомаќинското работење на дел од градоначалниците во земјава. Последните информации на Алсат од Министерството за финансии се дека со подарените пари од државната каса кои изнесуваа 50 милиони евра, за една третина е намален долгот на локалните самоуправи, кој изнесуваше речиси 100 милиони евра. На неколку наврати сегашните, па и поранешните министри за финансии и локална самоуправа се прогласуваа за немоќни кога е во прашање луксузирањето на локалната власт со пари на граѓаните.

Иле Петревски 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...