Опозицијата се противи на идејата на власта Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да се подели на два дела. Еден за гонење на организиран криминал, а друг за корупција на високо ниво.

Опозицијата предлага и нова методологија за избор на шефот на обвинителството за организиран криминал. Според нив, предлогот треба да дојде од опозицијата преку Собранието и Советот на обвинители. Вториот модел, според нив е да се повтори постапката со заеднички предлог со власта. Доколку не успее и овој модел, опозицијата предлага решение да се бара со предлагање на тројца кандидати и да се избере еден од нив, зависно кој ги исполнува законски пропишаните услови. Министерката за правда Рената Дескоска информира дека нема да има нова средба сè додека не одлучат Заев и Мицкоски.

По разгледувањето на забелешките, опозицијата очекува одговор од власта дали ќе продолжи активноста на работните групи. Опозицијата чека средбите да продолжат на крајот на неделава. На лидерската средба премиерот Заев на Мицкоски му предложи Обвинителството да се подели во Обвинителство за гонење на организиран криминал и Обвинителство за гонење на висока корупција, односно за кривични дела извршени од високи државни функционери. Опозицијата предлага криминалот од прислушуваните материјали да се гони од 2008 година, а власта бара ова обвинителство да ги гони само делата од 2008 до 2015, како и оние кои ќе се направат по усвојувањето на законот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...