Дури и на Илинден, власта и опозицијата беа поделени во однос на договорот со Грција и референдумот. Додека мнозинството повика на поддршка за референдумот, опозицијата бара членство во ЕУ и НАТО без промена на името и идентитетот. Премиерот Зоран Заев повика на 30 септември граѓаните да се определат за иднината, а не за враќање назад.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, побара од граѓаните и политичките фактори со својот глас да го поддржат членството на земјата во НАТО и ЕУ.

Сакам од тука да апелирам до сите граѓани на Македонија, политичките лидери и моите колеги пратеници од мнозинството и опозицијата, да бидат вистински одговорни и визионери. Храбро да ја поддржиме имплементацијата на договорот со кој ќе се реализира полноправното членство во НАТО и во ЕУ“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта за насилни дејства и монтирање на судски случаи со цел да поделба на овој субјект.

Референдумот за договорот со Грција е закажан за 30 септември. Ако не се постигне цензусот, премиерот Заев најави дека процесот ќе продолжи низ институциите.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...