Влажните марамчиња кои ги користиме за отстранување на шминка, бришење на раце, лице и други делови од телото би можеле да станат минато.

Имено, Британија во наредните две недели планира да го искорени целосно пластичниот отпад, вклучувајќи ги и производите за еднократна употреба како што се влажните марамчиња. Тие сепак содржат неразградлива пластика.

Со тоа производителите ќе имаат две опции: да произведат влажни марамчиња кои не содржат пластика или истите ќе се соочат со забрана за производство.

Влажните марамчиња се исто така познат главен виновник за одводите. Конкретно во британските канализации предизвикуваат дури 93% од затнувањата. Останатаите предизвикувачи се маснотиите и други хигиенски производи. Тоалетната хартија е предизвикувач на затнувања само во промили, односно ниту 1%.

Сето тоа ја поттикна британската влада да отпочне со кампања за информирање на јавноста дека влажните марамчиња не смеат да се фрлаат во канализациите.

“Соработуваме и со производителите и со продавачите со цел да се даде јасно до знаење како истите треба правилно да се одлагаат” велат од министерството за заштита на животната средина. Исто така се поттикнуваат и иновации кои ќе овозможат производство на разградливи марамчиња.

Индустријата за влажни марамчиња доживеа процвет во последната деценија, а производителите нудат се повеќе видови – марамчиња за чувствителна кожа, марамчиња за бебе, за отстранување на шминка, потоа марамчиња против инсекти, марамчиња наместо дезодоранс, па дури и за заштита од сонце.

Повеќето од нив се направени од полиестер и други неразградливи материјали.

Shpërndaj me