По повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна, владина делегација денеска положи цвеќе во Куманово, Прилеп и Скопје.

Прмиерот Зоран Заев беше во Куманово на Спомен Костурницата од каде порача:

„11-ти Октомври 2018 година е дел од Востанието на нашата генерација. Ова е востание на гласот, глас со кој ќе ја  осигураме иднината. Тој граѓански глас ги повикува институциите да ја овозможат европската и атлантската иднина.“

Пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје денеска цвеќе положија владината делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за правда Рената Дескоска, пратеници, претставници на Кабинетот на претседателот, на АРМ, дипломатскиот кор, на локалните самоуправи и здруженија на граѓани.

Loading...

Shpërndaj me