Сите заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, информираат денеска од Владата.

– Владата на 25-тата седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19, донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...