И покрај намалувањето на првичниот ентузијазм за скорешно решение, владата смета дека посетата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коцијас идната недела е чекор напред во процесот. Владиниот портпарол прашан за изјавата на премиерот Заев дека се очекува американска помош за спорот, го повтори ставот дека преговорите се водат под покровителство на ОН.

Американскиот амбасадор во земјава, за спорот за името, го повтори она што вчера го кажа помошникот државен секретар Вес Мичел.

Ние внимателно ги следиме Грција и Македонија кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете земји, но и на регионот“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Скопје

Мичел денеска е во Белград, а утре е на средби во Атина.

Вјолца Алити

Shpërndaj me