Владата проценува дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов немал правна основа да помилува осомничени. На  денешната владина седница  се прифати мислењето  од Министерството за правда да се поддржи барањето за автентично толкување на спорниот член. Владата проценува дека членот 11 кој дозволува помилување е укинат уште во 2009 година.

“Ова значи дека Претседателот немал, ниту сега има законско право да помилува според тој член без примена на постапката и соодветно на тоа, сите акти на помилување на Претседателот на државата, врз основа на член 11 од Законот за помилување… се нелегални и како такви, невалидни.”

Постапката сега се враќа во Собранието. Законодавно-правната комисијата мора да изготви конкретна иницијатива и да расправа за неа. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја поддржат иницијативата, но бара помилуваните политичари еднаш да не се занимаваат со политика.

За СДСМ, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни и во функција на избегнување на одговорноста.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилуваше 56 функционери и поранешни функционери, а потоа го повлече. Уставниот суд ќе оценува дали повелеченета аболиција била уставна.

Fatlume Dervishi 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...