Владата конечно денеска на седница ќе се произнесе за ревизорскиот извештај кој се однесува на работата на Македонската радио телевизија. Ревизорите открија низа неправилности во работата на јавниот сервис. Директорот Марјан Цветковски овластил наместо него, документи да потпишува друг, а ревизорите се сомневаат дека постои ризик од незаконско работење. Дополнително, од телевизијата фалело опрема, а се подигале кредите за една намена, а парите се трошеле за сосема друго. Ревизорскиот извештај веќе го разгледуваат Финансиската полиција и Антикорупциската комисија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...