Бизнисмените со различно доживување околу државната помош за домашните фирми. Дел не ги штедеа пофалбите, а дел од со внимателни зборови посочија дека се уште сметаат дека Законот за поддршка на компаниите не е идеален и содржи доста предизвици со кои треба да се справат компаниите.

„Добро е што и во делот што беше најпроблематичен за оние успешни компании кои реално остваруваат позитивни резултати, сепак имаа ограничување да се јават на ваквиот повик и да ги користат поволностите, бидејќи на крајот на годината имаа мали отстапи во бројот на вработени“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ, извршен директор на Стопанската комора.

„Јас не велам дека и сега е идеално решението, сметајќи го  временскиот рок кој го имавме за разгледување. Сепак ќе имаме и консултации и со нашите членови. Предизвици ќе има и имало за имплементација и се надевам дека заеднички со кабинетот на вицепремиерот ќе ги отстраниме сите тековни проблеми не сакам да речам туку предизвици со кои ќе се соочиме“, рече Александар Зарков, оперативен директор на ССК.

„Дефинитивно го поздравувам брзото менување на првата верзија на законот кој се покажа во одреден степен многу солидно. Меѓутоа имаше мали проблеми во имплементацијата и со искористување на овие средства од страна на ИТ индустријата“, изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев најави дека со законски измени владата ќе го зголемува опфатот на фирми кои ќе може да аплицираат за државна помош. Најави дека компаниите кои досега имале трговска дејност и сега се одлучиле да воведат и производство ќе може да аплицираат за  државната помош. Фирмите пак од текстилната индустрија ќе може да задоволат само еден од двата услови, да имаат зголемени годишни приходи или пак да не го намалуваат број на вработени.

„Законот е транспарентен, критериумите внатре се јасни, она што сакаме сега да го направиме со измените е да го прошириме неговиот опфат. Оваа година предвидовме 47 отсто повеќе средства за поддршка на економијата во буџетот на државата. Тоа се над четири милијарди денари во разни програми“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.

Вицепремиерот Анѓушев, давањето на државна финансиска поддршка на  компаниите од приватниот сектор  ја образложи како помош тие да бидат конкурентни на странските пазарии не прецизираше кога би се укинала како мерка.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...