Компанија која вршела најмалку пет години дистрибуција на природен гас и дистрибуирала најмалку три милијарди кубни метри гас во последниве три години. Бројот на приклучоци на компанијата да изнесува најмалку 100 илјади корисници и да покаже доказ за годишен приход од најмалку 150 милиони евра во последните три години. Ова се условите кои треба да ги поседува фирмата домашна, странска или пак конзорциум што е заинтересирана да го гради, управува, одржува и финансира дистрибутивниот систем на природен гас кој треба да биде готов за четири години. Јавниот повик е за договор за воспоставување јавно-приватно партнерство.

„Целата инвестиција за изградба на дистрибутивниот систем на гас ќе биде поголема од 300 милиони евра и ќе се спроведе во три фази со однапред определена динамика. Ќе има индиректен позитивен импакт и во другите области, а во изведувањето ќе бидат вклучени домашни и странски компании“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Гасификацијата ќе ги намали сметките за струја во домовите за околу 75 отсто, тврдат надлежните. Приклучокот за едно семејство за 85 квадрати стан нема да биде повеќе од 100 евра, но промената на внатрешната инсталација би чинела околу 1.500 евра.

„Тоа не значи дека едно семејство кои има парно греење ќе го чини 1.500 евра. Тој ќе треба само да ја смени котланата. Да купи шпорет на гас и бојлер“, рече Бајрам Реџепи, директор на НЕР.

Компанијата која ќе стане партнер на државата ќе има обврска за четири години да изгради  50 отсто од дистрибутивна мрежа во градските  градските и 20 отсто од руралните средини. Стартот на градежните работи е закажан за крајот на годинава.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...