Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да  биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран.

Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на  20.7.2015 година, соопшти владината прес-служба.

Shpërndaj me