Младите иселеници ќе можат да конкурираат за економски промотори на земјава во трите канцеларии во светот коишто планира да ги отвори Владата. Вицепремиерот Кочо Анѓушев кажа дека сега по завршувањето на изборите, ќе се направат потребните законски измени со што ќе се овозможи отворање на три економски канцеларии во САД, Германија и Турција.

Во нив е предвидено да бидат ангажирани по три до четири промотори. Но, кога ќе почнат со работа сè уште не се знае. Вицепремиерот вели дека овие лица ќе бидат вработени на оглас, најважно за нивниот избор ќе биде образованието и познавањето на странски јазици.

„Можеби ќе биде и некој од тие кои се иселени од Македонија имаат завршено образование во странство и живееат моментално таму, јас ќе бидам среќен да ангажираме и дел од тие луѓе“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Иако првично беше најавено дека само ќе привлекуваат странски инвеститори, Анѓушев најави дека промоторите ќе работат и на промоција на домашните компании. Ова бил поевтин концепт споредено на претходната влада која имаше 33 промотори во светот. Две години откако ги укина, бидејќи биле неефикасни, Владата повторно сега на сцена ги враќа економските промотори кои беа проект на владите на Груевски, а само во 2017 година ја чинеа државата 1,2 милиони евра.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me



Loading...