И покрај прогнозата на Светска банка дека македонската економија годинава ќе порасне за 2,9%, од владата се оптимисти дека БДП во 2019 година ќе има поголем раст од проектираните 3,2%. Според вицепремиерот Кочо Анѓушев ваквите проекции се темелат на растот на индустријата, градежништвото и земјоделството во првиот квартал кои според него се основните столбови од кои зависи БДП. За проекциите на Светската банка сметаат дека се конзервативни и покрај тоа што не ставија последни во регионот.

„Да тоа што го планиравме ќе го оствариме и ќе биде уште подобро, тоа го базираме врз база на реалните факти од поатоците од првиот квартал. Во првиот квартал веќе знаете дека во јануари 2019, спордено со јануари 2018 година имаме раст на индустриско производство од 12%, фебруари, 7,3% и трендот се задржува во март. Со значи само во првиот квартал индустриското производство има раст д приближно 9%“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Освен помалите проекции за раст на економијата Светска банка негативно го оценија и растот на минималната плата. Велат дека тоа ќе удри влијае врз текстилната индустрија. Според минисетрот за финансии Драган Тевдовски воведувањето на миналната плата ја остварило целта, се намалила невработеноста.

„Платите пораснаа и не само што платите на најниските се зголемија, тоа ја придвижи спиралата на плати. Потоа гледаме повисок раст на платите кои се повисоки од минималната. А од друга страна стапката на невработеност се намали“, изјави Тевдовски.

Светска банка вчера побара од Владата повеќе да се фокусира на економските реформи. Според нив јавниот долг ќе продолжи да расте и годинава ќе достигне 53%. Иако според извештајот се забележува закрепнување, сепак во следните две години ќе има најслаб раст во регионот.

Во однос на забелешките на германските инвеститори во земјава и Анѓушев и Тевдовски велат дека оценката не е толку лоша, со оглед на тоа што поголем дел од нив рекле дека повторно ќе инвестираат во земјава. Сметаат дека соработката со инветситорите е на солидно ниво и дека ќе продолжат да работат на подобрување на бизнис климата во земјава.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...