Владата се подготвува за нова средба и нови преговори со Европската Комисија за ограничувањето на извоз на челик во ЕУ. Од владата се надеваат дека средбата ќе се организира до крајот на месецов, а до средината на идниот владата ќе седне на заедничка маса и со засегнатите компании. Сепак од Владата не веруваат дека нашите фирми ќе имаат штети.

Со просекот од изминативе три години, во рамките на тоа тие што го произведувале и извезувале, кога на тоа би се додале и пет проценти каде што би бил и тој лимит за зголемување на тие квоти, би се задржала сегашната ситуација односно сегашниот импут кој го имаат овие компании во БДП“, рече Миле Бошњаковски портпарол на владата на Република Македонија.

Но, со ваквите владини ставови не се согласуваат од челичната индустрија. Од Макстил пред два дена алармираа дека мерките за ограничен извоз на челик во ЕУ ќе зададат силен удар не само на оваа дејност, туку негативни влијанија ќе има и врз БДП. Во прашање е доведен годишниот извоз на 120 илјади тони челик кој имаше загарантиран пласман во земјите од унијата. Штетите се проценуваат на над 100 милиони евра.

Со сериозно предупредување вчера за Алсат излезе и синдикатот на металната индустрија од каде велат дека доколку од февруари овие мерки важат и за земјава неизбежни ќе бидат принудни одмори за работниците, а не се исклучуваат и откази. Седумдесет отсто од произведениот челик од земјава се дистрибуира во земјите од Европската Унија.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me