Сега треба многу работа дома, започнуваме нов економски и реформски поход за просперитетна и растечка економија. Премиерот Зоран Заев ден по гласањето на уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција најави реализирање на сериозни мерки зацртани во економската агенда. Ги повика министерите, директорите, градоначаниците и сите административци да почнат да работат поефиксано.

„Уште денеска влегуваме во една економска и реформска иницијатива која што е високо на нашата агенда во 2019 година. Да ги убедиме сите инвеститори кои досега се двоумеа дека сега имаат безбедна земја партнер, пријателска земја за бизнис и за нови вработувања за нашите граѓани“, рече премиерот Заев.

Премиерот за годинава најави зголемување на минималната плата, поврат на ДДВ за граѓаните, старт на изградбата на клиничкиот центар и на автопатот Скопје-Блаце. Кажа дека ќе почне да се реализира и деценискиот енергетски проект за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, но и други енергетски проекти. Ако се реализира сето ова тој очекува раст на економијата уште поголем од планираниот.

„Проектите и прашањата на самите проекти претходни се надминати. Железницата, гасоводот, патиштата и автопатиштата во Македонија ќе се градат со сериозен интензитет. Сето тоа ми дава за право да верувам дека е можно 4 посто раст на економијата за 2019 година па и повеќе“, додава Заев.

Овој економски поход ќе даде вистински резултат, посочи Заев само ако се работи чесно и одговорно и без корупција. За да се постигне таа цел побара од Собранието да ги донесе нови закон за спречување на корупцијата. Премиерот најави и нова голема странска инвестиција од Германија која, според него, своите планови за Македонија ќе ги објави до крајот на месецот.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...