Еден месец пред почетокот на грејната сезона, Владата најавува бесплатна замена на печките на дрва со инвертер клими. Иако оваа мерка премиерот ја најави пред две недели, уште не се знае колку пари ќе бидат издвоени, колку домаќинства ќе бидат опфатени и кој ќе ја финансира мерката. Според најавата на премиерот, печките со инвертер клима ќе можат да ги заменат само жителите во трите најзагадени градови во државава, Скопје, Тетово и Битола. Иако најавената мерка ќе биде дел од планот за намалување на аерозагадувањето, од невладините велат дека се доцни со мерките бидејќи загадувањето пак ќе биде на високо ниво.

„Закаснети се сите субвенции, сега беа објавени за општините за проекти, самото тоа не знаеме колку од тие субвенции ќе бидат реализирани, еве и да се реализираат дали се само на одредено место или се раштркани во одредени реони и како тоа ќе влијае врз целото загагадување. Според нас нема многу да влијае. Мислам загадувањето е толку големо, што треба системски да се пристапи на многу нивоа, не само на домаќинствата, него во сообраќајот, индустриските капацитети, отпадите“, рече Невена Георгивска-О2 Иницијатива.

Слична можност со субвенционирање на инвертер клими досега имаат можност само жителите на Град Скопје, кои се затоплувале со печки на дрва, а не се приклучени на градското ценрално греење. Оваа мерка се финансира од буџетот на Град Скопје и во износ од 50 проценти од вредноста на уредот, но не повеќе од 500 евра. Повикот за субвенции е започнат од први јануари годинава и ќе трае до 30 ноември. Според последните објавени податоци, до април 840 граѓани побарале субвенција за ивертер клима.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...