Вицепремиерот Кочо Анѓушев не отстапува од идејата сите компании, од мали, средни, големи и гигантски, да бидат дел од мерката за субвенционирање на покачување на платите. Иако вчера економистите порачаа дека плаќањето на придонесите за пензиско и за здравствено на покачувањето до 6.000 денари треба да се ограничи на платите до 24.000 денари, за Анѓушев важно им е и добрите и успешни компании да ги задржат преку награди вработените.

„Ако тоа го ограничиме само на 24.000 денари, односно до 24.000 денари покачувања веројатно ќе го опфатиме најголемиот дел од директните производни работници во производните капацитети, но тоа нема да ги фати интелектуалците а ние сакаме и нашите интелектуалците да ги задржиме во нашата држава. Луѓето коишто завршиле факулет, инженерите, лекарите во приватните клиника нели бидејќи ова е пред се за приватниот сектор понатаму инфоратичарите и т.н.“, вели Анѓушев.

Субвенциите според предвиденото треба да стартуваат од октомври годинава и да се исплаќаат во наредните три години. Вкупно би чинело 120 милиони евра од буџетот. Сите оние работодавачи кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари ќе добијат субвеници за тој дел и ќе немаат обврска да плаќаат придонеси за здравствено и за пензиско во висина од 27,5 отсто туку само персонален данок кој изнесува 10 отсто.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...