Зголемување на минимална плата нема да има сè додека Владата не биде сигурна дека економијата ќе може да го издржи новото покачување. По вчерашното предупредување дека текстилната индустија е пред колапс поради покачениот минималец за работниците, од Владата уверуват дека во наредниот период ќе се работи за зголемување на продуктивноста преку техничко-технолошки развој.

„Јас разговарав и со стопанските комори и со работодавачите и тие велат оваа плата е веќе апсолвирана, дополнително сè што побаравме од вас, а тоа беше субвенционирањето на придонесите по пример на соседните земји е направено и ние во моментов сме стабилни. Сега со нив дискутираме за техничко-технолошкиот развој во компаниите во насока да ја зголемиме продуктивноста и ние нема да одиме со зголемување на минималната плата ако не сме сигурни дека економијата може тоа да го издржи”, рече Мила Царовска- Вицепремиерка задолжена за економски прашања.

Економските експерти предупредуваа дека секое вештачко зголемување на минималната плата негативно ќе влијае врз економијата. Последните анализи покажаа дека зголемената минимална плата воопшто не влијаела на зголемување на останатите плати, туку дошло до порамнување на платите на помалку продуктивните со повеќе продуктивните работници. Од декември  минатата година минималецот се покачи на 14.500 денари и овој износ го добиваат близу 100 илјади вработени.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...