Владата потврди дека побарала одложување на носењето на мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците. Премиерот изјави дека власта има потреба да подготви контрааргументи за критиките за потенцијалните пречки за спроведување на овој закон во судството.

Иако ДУИ, се изјасни против измени на законот, министерката за правда Рената Дескоска потсети дека одлуката законот да се испрати за оценка во Венецијанската комисија била заедничка на колаициските партнери.

Опозицијата продолжува да ја напаѓа власта за забелешките на венецијанската комисија.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Предупредивме дека по разгледувањето на предметот за Законот за употреба на јазиците од страна на Венецијанската комисија, тој ќе претрпи измени, како и сите предмети кои се разгледуваат во Судот во Стразбур“.

Венецијанската комисија, според една верзија објавена во медиумите, оценува дека во некои сфери Законот за употреба на јазиците оди многу далеку наметнувајќи правни нереални обврски кон јавните институции. “Особено одредбите кои предвидуваат употреба на албанскиот јазик во судските процеси кои за што е потребна долгогодишна подготовка за целосно да се спроведе.

Fatlume Dervishi

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...