Доколку денеска сакате да подготвите полесен ручек или пак, совршено мезе, ние имаме супер интересен предлог.

Состојки

За КРОКЕТИ ќе ви треба:

250 гр. ориз

750 мл. вода

150 гр. сирење

1 јајце

сол и бибер

За ПОХУВАЊЕ ќе ви треба

1 јајце

200 гр. лебни трошки

масло за пржење

Подготовка:

Чекор 1: Најпрво ставете го оризот да се вари во зовриена вода, на средна температура. Мешајте повремено за да се зготви рамномерно. Кога ќе испари водата и ќе се свари оризот, оставете го да се олади. Издробете го или изрендајте го сирењето. Додадете го во изладениот ориз, зачинете со сол и бибер, па додадете го јајцето и убаво измешајте да се соедини.

Чекор 2: Од смесата направете ќофтенца или стапчиња. Изматете го јајцето. Секое ќофтенце потопете го во изматеното јајце, извалкајте го во презла и пржете го во загреано масло од двете страни, додека да зарумени. Редете ги на салфета да се исцеди маснотијата.

Ако немате презла, крокетите може да се похуваат и со нишесте.

Чекор 3: Сервирајте ги како мезе со салата, или како прилог на ручекот.

СОВЕТ: Доколку сакате во смесата од ориз и сирење може да не ставите јајце, а може да додадете и зачини по желба.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...