За прв пат во историјата е документиран еден пар од бели жирафи во Кенија. Станува збор за мајка и младенче.

Овие единствени жирафи патат од генетско пореметување, наречено леуцизам, кое ја спречува пигментацијата на кожните клетки, што резултира со тоа животните да изгледаат бледо и бело.

За разлика од албинизмот, што е само отсуство на меланин, при леуцизмот има намалување на повеќе видови пигменти и поради тоа овие жирафи се чисто-бели.

Повеќе од половина од жирафите не ги преживуваат првите шест месеци, велат од Фондацијата за заштита на жирафите. Најолеми виновници за тоа се предатори, како лавови и хиени.

Loading...

Shpërndaj me