Видео снимка од семејство кое бега од чопор гепарди во националниот парк во Холандија брзо го заобиколи светот.

На снимката може да се види дека туристите излегуваат од колата за да ги видат животните од поблиску.

Игнорирајќи го целиот концепт на сафари турата, семејството пријде на близина од десетина метри.

Иако во првите моменти гепардите не се поместуваа, одеднаш се стрчаа кон семејството. После неколку застрашувачки моменти, тие влегоа неповредени во своето возило.

Снимката ги шокираше и вработените во паркот кои изразија длабоко жалење бидејќи луѓето ги игнорирале упатствата.

 

Shpërndaj me