Им нема крај на изненадувања на тенискиот турнир во Вимблдон. Белгиската тенисерка Алисон Ван Утванк ја победи актуелната шампионка Гарбин Мугуруза. Шпанската тенисерка е само втор победник на турнирот која не успева да го помине вториот круг. Иста судбина во 1994 година имаше и Германката Штефи Граф. За Белгијанката ова беше прва победа против тенисерка кој е меѓу првите 10 во светот.

Shpërndaj me