Поранешниот директор на ТИРЗ – овите Виктор Мизо е назначен за претседател на новоформираната Агенција на странските компании со технолошки напредни производи.  Поранешните антикорупционери во овој случај веднаш препознаа конфликт на интереси бидејќи тој како функционер во времето на ВМРО ДПМНЕ им даваше државна помош на овие компании, а сега ги застапува.

Сметаат дека со закон мора да биде регулирано дека функционери од власта кои имале директна комуникација со една област, во иднина не може да се вработуваат во истиот сектор или во тие конкретни фирми во одреден период.

„Ова е конкретна работа за Државната комисија за спречување на корупција, и ова е содржано во Законот за спречување на  судир на интереси и се надевам дека многу брзо ќе конституирана таа институција за да можеме да побараме релевантен одговор на овие прашања. Во оваа ситуација може да стане збор за многу специфичен облик на судир на интереси кој се нарекува вртење помеѓу различни сектори“, рече Слаѓана Тасева, „Транспаренси Интернешнл“.

Виктор Мизо кој во моментов е директор на компанијата со странски капитал „Костал“, за Алсат вели дека нема ништо спорно во неговиот избор за прв човек на Агенцијата.

„Не се согласувам дека во овој случај постои било какво сомневање за можен конфликт на интереси. Мојот избор и изборот на потпретседателите на Агенцијата  е чиста формалност. Засега како тело немаме никакви ингеренции. Нашиот ангажман е волонтерски и нема да добиеме никакви парични средства од овие активности“, рече Виктор Мизо,  поранешен директор на ТИРЗ.

Во земјава речиси цела година нема институција која треба да се бори против корупцијата и конфликтот на интереси.

Министерство за правда:

По донесувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, Собранието ќе треба да ја започне постапката за избор на членовите и претседателот на ДКСК. Се очекува законот да биде донесен наскоро, најдоцна до крајот на месецот.“

Инаку, со промената на власта Мизо стана директор на компанијата „Костал“ која лично тој како функционер ја промовираше и се фалеше дека тој ги договорил инвеститорите да вложат во земјава.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me