Над 75 учесници од нашата држава, Швајцарија, Белгија, Грција, Србија, Бугарија и од Косово викендов ќе учествуваат на Третиот меѓународен натпревар во брзо решавање Рубикова коцка. Домаќин на натпреварот е Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром.

Натпреварувањето ќе трае два дена, сабота од 9:00 до 18:30 часот и недела од 9:00 до 17:00 часот. Влезот е слободен за сите посетители.

Организатор на натпреварот е Македонската кјубинг-асоцијација (МКА), а ќе биде делегиран од „Ворлд кјуб асосиејшан“ (WCA), која одржува над 1 000 натпревари годишно низ целиот свет.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...