Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија го крена нивото на тревога на четири од максимални пет степени, што значи дека ерупцијата на вулканот Тал би можела да се случи во следните неколку часови или денови, пренесе Си-Ен-Ен.

Изутрината вулканот исфрлил пепел во височина од 14 километри, што било проследено со потреси на земјиштето и силни татнежи.

Вулканот се наоѓа на 60 километри јужно од главниот град Манила, на островот Лузон и е еден од најактивните вулкани во таа земја.


Фотографии од местото покажуваат потоци од лава кои почнуваат да излегуваат од кратерот, додека небото и натаму е црно од густиот дим. Во регионот живеат околу 450.000 лица, а засега се евакуирани околу 8.000. Кабинетот на претседателот Родриго Дутерте нареди прекин на работата на училиштата и на владата, а затворен е и меѓународниот аеродром.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...