Насилниот сопственик на ресторан од Албанија, што минатата недела нападна шпански туристи, остана без својот угостителски објект откако изутринава, по наредба на градежен инепсктор механизација ја урна градбата. Како што пренесуваат локалните медиуми, инспекциската контрола утврдила дека објектот е бесправно изграден. Сопственикот на локалот, Михаил Кокдима, моментално е во затвор по нападот на туристите.

За случајот експресно реагираше и албанскиот премер Еди Рама откако низ интернет порталите и социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како угостителот ги напаѓа  туристите и им ја крши шофершајбната.

„Насилникот што ги нападна нашите шпански пријатели го прекрши светиот код на албанската гостопримливост, посрамотувајќи нѐ сите нас. Им се извинивме на шпанските туристи и тие повторно ќе дојдат тука“, пишува Рама.

Потсетуваме, инцидентот се случи минатата недела во Порто Палермо, на југот на Албанија. Водеото направено од автомобилот, изнајмен од шпанските туристи прикажува како човекот упорно се обидува да го скрши стаклото и да се пресмета со нив.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во возилото биле Еугенио Галдон и неговото семејство, кои патувале со локален возач и водич. Тие наводно го напуштиле ресторанот во кој ручале откако сопственикот станал агресивен.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...