Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон дефинитивно се враќа во Јувентус, по само една сезона мината по Пари Сен Жермен. Буфон допатувал во Торино да спроведе лекарски прегледи и да го потпише 12 месечниот договор, соопштиле од управата на италијанскиот шампион.

Искусниот 41 – годишен голман својата кариера ќа ја заврши во  Јувентус, а потоа во истиот клуб ќе добие место на тренер или директор.

Буфон ја чуваше мрежата на „Старата дама“ од 2001 до 2018 година, на 656 натпревари. Освои дури девет Скудети, но не и Лигата на шампионите, што е негова најголема желба.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...