Едно лице го загуби животот во обилните снежни врнежи што од синоќа зафатија делови на Франција. Од кршење на стебла и гранки во прекин се повеќе електрични водови, а без струја се 300.000 домаќинства.

Како што пренесуваат светските медиуми, снегот предизвикува и проблеми во сообраќајот, а делумно е прекинат и железничкиот сообраќај. Привремено е забрането камиони да сообраќаат на сите автопатишта во регионот на Лион и на повеќе приградски патишта.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...