Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, се расплака за време на интервју со новинарот од британската телевизија Ај-Ти-Ви, Пирс Морган.

Напаѓачот на Јувентус емотивно го доживеа моментот кога новинарот му ја покажа снимката од неговиот татко, кој за него зборува пред Европското првенство во 2004 година.

На прашањето од новинарот – што најмногу го ражалостило, Роналдо вели:

„Да станеш број еден, а тој ништо да не види. Тој не виде ниту еднаш како ги примам наградите“, вели Роналдо.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...