Главната ѕвезда на овогодишниот автосалон во Москва е најавниот прототип за наследникот на легендарната Lada 4×4 (Niva). Атрактивен теренец кој во сериска верзија најверојатно ќе се појави во 2019 година. Особено интересен е и фактот што автомобилот има 5 врати, каросеријата нема Б столб, па задните врати се отвораат наназад. Возилото има алуминиумски тркала од 21 инчи, лед предни светлосни единици, панорамски кров и комплетно дигитализиран кокпит. Според првичните најави, под хаубата би требало да се најде 1.8-литарски бензинец со 122кс, а се очекува и збогатување на моторната понуда.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com