По неколку месеци шпекулации и нагаѓања конечно „протекоа“ првите детали за дизајнот на новиот телефон на Apple за оваа година, што ќе се појави на пазарот под името iPhone XI.

Дизајнот e откриен преку видео коешто го прикажува уредот од сите агли. Како што се наведува во дел од странските портали, iPhone XI Max ќе биде нешто поголема верзија од основниот уред iPhone XI.

Како што може да се забележи, под притисок на трендовите и конкуренцијата, овој модел има дополнителна трета камера, што ќе биде првпат за Apple да имплементира систем од три камери на задниот дел.

Една од камерите се очекува да биде со суперширок агол. Засега нема дополнителни детали за останатите две камери, но, се претпоставува дека сензорите на камерата ќе бидат со резолуција од 12 мегапиксели.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...