Македонската радио-телевизија вечерва ја промовираше песната со која групата Ај Кју ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал на 8 мај во Португалија.

Автор на музиката и на текстот на песната Lost and Found e Бојан Трајковски, а аранжанот и продукцијата се на Дарко Димитров.

Истовремено беше промовиран и видео-спотот за песната, чиј режисер е Јован Куциновски.

Shpërndaj me