Американскиот весник, „Њујорк тајмс“ објави снимка на која се гледа како иранската противвоздушна одбрана испалува две ракети на украинскиот патнички авион „боинг 737“, кој неодамна беше урнат во Техеран.

Судејќи според снимките, најпрвин кон авионот најпрвин е испалена една ракета, а по 30 секунди уште една. Откако првиот проектил ја погодил целта, авионот се одржал во воздух уште 60-тина секунди, по што се запалил и почнал да паѓа.

Авионот, сопственост на украинска авио компанија, кој летал на релација Техеран – Киев, се урна неколку моменти по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...