Британецот Нил Кемпбел на аеродромската писта во британскиот град Елвингрон, северен Јоркшир, постави нов брзински светски рекорд со велосипед, постигнувајќи брзина од 280,5 километри на час!

Со тоа тој го надмина досегашниот рекорд за 14 километри на час, кој 24 години го држеше Холанѓанинот, Фред Ромпелберг.

Кемпбел го повлекол автомобил Порше кајен, после што со сопствени сили го достигнал брзинскиот рекорд.

Кемпбел изјавил дека следна амбиција му е со велосипед да успее да надмине брзина од 350 километри на час!

Loading...

Shpërndaj me

Loading...