Производителите на минијатурна храна низ светот поминуваат часови обидувајќи се да создадат специјални рецепти во малите кујни. Ако на Јутјуб се побараат минијатурни прехранбени производи излегуваат 1,3 милиони резултати и повеќе од 100 илјади луѓе на Инстаграм го користеле хаштагот “минијатурна храна”. Овој тренд започна со Јапонците и наскоро се прошири и во други земји.

Прашањата што луѓето обично ме прашуваат се: Дали е таа храна вистинска? И им велам дека е вистинска. Снимањето е најтешкиот дел од создавањето на храна во минијатура. Треба да се биде внимателен со секој мал потег што го правите, бидејќи сè е толку мало“, вели Шон Стокер, готвач во “Мини кујна”

Секое видео е уникатно и за негова изработка потребни се барем 10 часови работа. За многу креатори на овој гурмански тренд, идејата оди подалеку од готвењето минијатурна храна. Тие ова го гледаат како различен универзум каде можат да ја изразат целата своја креативност.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...