Земјотресот, којшто ноќеска, еден час после полноќ, ја погоди Грција, најсилно се почувствувал на Закинтос, каде веднаш по потресот снемало струја. Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита информираше дека тројца граѓани се пренесени во болница, но нема опасност по нивниот живот.

Еден од жителите на јужното крајбрежје на Грција посведочил дека потресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер се почувствувал мошне силно, иако неговиот епицентар бил во Јонското море. Земјотресот ноќеска се почувствува и во Скопје, а земјата се тресела и на Малта, делови од Италија и Албанија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...