Една од најконтроверзните и најопасни играчки досега, “Atomic Energy Lab Kit”, овозможувала на децата да експериментираат со ураниум. Иако била едукативна, оваа играчка истовремено била и радиоактивна. За среќа, била во продажба само неколку години.

Темата за атомската енергија кон средината на 20 век доживувала вистински „бум“. Споменатата компанија одлучила да ја искористи популарноста и на пазарот го пласирала сетот за деца. Целта била да им се овозможи на децата да прават разни експерименти користејќи радиоактивен материјал.

Во кутијата наменета за „млади научници“, имало упатство како да изведат 150 експерименти со помош на ураниумска руда и уште три различни извори на радијација. Сето тоа убаво спакувано во сетот.

Среќа, играчката била во продажба само во текот на 1952 и 1953 година, после што била повлечена од рафтовите, а можела да се набави по цена од 50 долари.

А, како изгледала, може да видите во приложеното видео:

Извор: darijanatos.mk

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...