Согласно вчерашната најава на српскиот претедател Александар Вучиќ за агресивен пристап во борбата со коронавирусот, најголемата хала на Белградскиот саем денес е претворена во болница со 3000 легла.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Белградскиот саем се наоѓаат над 10 воени камиони од кои се истоваруваат кревети. Вучиќ најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.

Сите полесни случаи на заразени пациенти, ќе бидат сместени во карантин, за што се подготвуваат околу 3000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија. Целта е, како што кажа Вучиќ, сите полесни пациенти да се изолираат и да имаат брзо лечење.

Епидемиологот Предраг Кон за РТС денес изјави дека сите што биле во контакт треба да ги поминат тестовите, како и оние кои биле во самоизолација.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...