Научници од Универзитетот „Бритиш Колумбија“, успеале со лабораториски тестирања, со помош на ензими да променат крвна група тип А на дарител во универзален тип 0.

Научниците веруваат дека откриле сигурен начин за промена на крвна група на дарителот во универзален тип 0, кој е често потребен за итни случаеви каде е потребна трансфузија, и кога има недостаток на одредени крвни групи, пишува Би-Би-Си.

Во лабораториските тестирања научниците користеле ензими кои создаваат цревни бактерии и со нив успеале ефикасно да ја трансформираат крвната група А во крвна група 0.

Ензимот претставува секој протеин кој што може да катализира некоја биохемиска реакција во живи организми. Експертите велат дека клиничките истражувања би можеле да започнат во блиска иднина.

Научниците објасниле дека со помош на ензими од цревните бактерии успеале да ги отстранат антигените од површината на црвените крвни клетки на дарителот (еритроцит) присутен во крвната група А, но не и во крвната група 0.

Нивното отстранување во овој процес е од исклучителна важност бидејќи овие антигени можат да предизвикаат фатална имунолошка реакција доколку се воведат во организмот на лице кое нема иста крвна група. Тоа значи дека имунолошкиот систем на примачот на крвта ќе “размисли” дека донаторот со крвна група А всушност има крвна група 0 и нема да го нападне мислејќи дека е туѓо тело.

Во вонредни и итни ситуации, често има многу малку време за проверка на крвната група на пациентот кој има потреба од крв, поради што службите за трансфузија мораат да имаат доволни количини на крвна група 0.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...